Полскиот репрезентативец Каспер Козловски го собори рекордот за најмлад играч во историјата на европските шампионати.
Синоќа играчот за врска влезе како резерва против Шпанија на возраст од 17 години и 246 дена. Со тоа го подобри рекордот на англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој се појави во игра против Хрватска на првиот натпревар на Англија на ЕУРО 2020 на 17 години и 349 дена.

