Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде во група со Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска во првата фаза на следното Европско првенство кое ќе се одржи следната година.
Денеска на ждрепката во Неапол, нашите одбојкари добија добра група во која ќе бркаат историски пласман во втората фаза. Селекцијата на Полска е супер-фаворит во нашата група, а меѓу фаворитите за пласман понатаму се и Холандија и Чешка.
Данска и Црна Гора се веројатно селекциите во наш ранг против кои ќе бараме место во следната рунда.
Европското првенство ќе се одржи од 28 август до 16 септември следната година.