Полската фудбалска федерација доби делумна забрана за исполнување на стадионите на домашните натпревари на кои игра националниот тим, поради расистички навреди на дуелот со Италија во Лигата на Нации.
УЕФА поднесе обвиненија за расистичко пеење, како и употреба на пиротехника на натпреварот на 7 септември. Вчера дисциплинците на УЕФА го разгледуваа сучајот и донесоа одлука за „делумно затворање на стадионот на Фудбалската федерација на Полска (ПЗПН) за време на следниот натпревар натпревар во УЕФА во кој Полска ќе биде домаќин“.