Весникот „Билд“ пренесува информација дека синоќа во Минхен пристигнала официјална понуда од Манчестер Јунајтед за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.
Во принцип Баерн Минхен нема ништо против за реализацијата на овој трансфер. Баварците уште пред неколку недели излегоа со информацијата дека доколку дојде добра понуда за Боатенг тогаш продажбата може да се реализира. Исто како што се случи со Алкантара.
Сепак за реализацијата на овој трансфер ќе се чека и мислењето на Боатенг кој повеќе би сакал да се пресели во ПСЖ каде пто тренер е Томас Тухел.