Евгениј Поп Ацев од ПК „Вардар 2018“, победи на 44 издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, што се одржа денеска на Охридското Езеро во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ – Охрид.
Тој на патеката во должина од 2,5 километри од Горица до Охрид, триумфираше во фото финиш пред неговиот клупски колега Никола Ѓуретановиќ. Третото место во машка конкуренција го освои Кристијан Стојановски.
Кај жените победи Ивана Неделковска од ПК Скопје, со време 31:33:80 минути, пред Јована Неделковска од ПК Скопје (33:07:11) и Росана Гошева од ПК Скопје (37:59:32).