Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Поп Ацев нема да плива на ЕП во Глазгов затоа што не бил пријавен
    Домашен микс

    Поп Ацев нема да плива на ЕП во Глазгов затоа што не бил пријавен

    risteBy riste09/08/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најдобриот пливач од Македонија во моментов Евгениј Поп Ацев нема да учествува на Европското првенство (ЕП) во пливање во Глазгов, тој требаше да биде единствениот наш пливач на ова ЕП, но неговото име на големо изненадување не се најде на списокот на учесници.

    На прашањето зошто го нема Поп Ацев меѓу пријавените, пливачот јавно ја раскажа целата ситуација. Истакна дека чувствува голема горчина затоа што нема да може да ги брани боите на својата држава на европскиот пливачки собир, а вината ја префрли кај Пливачката федерација на Македонија (ПФМ), водена од Александар Маленко.

    „Чуствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во февруари ја исполнив нормата дадена од ПФМ за настап на Европското првенство и во изминатата година целата моја енергија, фокус, тренинг и мотивација беше за овој настан. До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека мојот настап е во ред. Може да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе половина спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму. Имам едно објаснување од ПФМ (нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко) и сосема спротивно од ЛЕН, која вели дека мојата Федерација не пратила пријава воопшто.

    За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека моите разочараност, огорченост и болка нема зборови за да се опишат. Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека ми пише или нека ми се јави. Сметам дека ниеден спортист не заслужува и не треба да го доживее ова и затоа решив јавно да ја споделам вистината“, гласи обраќањето на Поп Ацев.

    Евгениј Поп Ацев требаше да се појави во две трки на ова ЕП, да плива за Македонија во две дисциплини – трките на 10 и 25 километри.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига

    27/05/2023

    Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига

    27/05/2023

    Кугларите со победа завршија со настапи на Светското првенство во Вараждин

    25/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.