Македонската атлетичарка, Адријана Поп Арсова, го освои 28-то место на маратонската трка на Светското првенство во Орегон (САД).
Таа оствари време од 2 часа 41 минута и 20 секунди. На првенството беа пријавени четириесет маратонки.
Златниот медал го освои Готитом Гебресласе од Етиопија со нов рекорд на Светските првенства. Таа обезбеди време од 2:18.11 часа.