Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија.
Според објавеното на официјалниот сајт на ФФМ, Поповски е одреден за делегат на сите натпревари кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија и натпреварите од елиминациската фаза, 1/8 финале, 1/4 финале и големото финале на 14. јули 2024.
Сашо Даневски изминатите три седмици работи во Франкфурт со делегираните судии за Европското првенство.