Генералниот секретар на Македонскиот Олимписки Комитет, Сашо Поповски, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 проговори за Олимпијадата во Париз, за светскиот ден на спортот и за Младинските олимписки игри кои ќе бидат реализирани во Скопје.
„Досега немаме спортисти со остварена „А“ норма за Олимпијадата но, се надеваме дека тоа може да се промени до крајниот рок во јуни. Мора многу да се работи во Федерациите за да имаме успешен спорт. МОК се обидува да помогне на секој начин. Во текот на викендот ќе го организираме Светскиот ден на спортот во соработка со Општина Аеродром.Тоа ќе биде убав настан за спортско дружење“ – вели Поповски.
„Догодина не чекаат Европските Младински Олимписки Игри. Ќе мора сите заедно, МОК, Градот, АМС и Државата, да бидат вклучени во целата организација. Тоа ќе биде веројатно најголемиот спортски настан во светот“ – потенцираше Поповски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.