Фудбалската федерација на Македонија внимателно ќе ја следи состојбата со корона-вирусот во нашава земја и врз основа на проценките и препораките на соодветните институции, ќе донесе одлука како ќе биде финиширана сезоната“ – потенцираше Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, во изјавата за Спортско Радио 90,3.
„Ние од самиот почетокот на кризата се обидуваме да го пронајдеме вистинското решение како да ја финишираме сезоната во првата и втората лига. Ќе се обидеме да ги испочитуваме и препораките од УЕФА и да ги завршиме шампионатите до почетокот на август“ – вели Поповски.
„Еден од плановите е првенствените и куп- мечевите да се одиграат во јуни и јули, но, тоа ќе зависи и од состојбата со Ковид 19 во нашава земја. Никој не размислува за прекинување на сезоната иако здравјето е пред се“ – нагласи Поповски.