Специјална Олимпијада Македонија со фудбласки тим од десет атлети, лица со попреченост од ДСУ „Наум Охридски“ ќе ја претставува Македонија на Европскиот фудбалски турнир „7-a-side“кој ќе се одржи во Ст. Петерсбург , Русија во периодот од 22. до 27. април. Фудбалската федерација на Македонија е еден од поддржувачите на атлетите од Специјална Олимијада Македонија.На турнирот ќе учествуваат 16 тимови од 12 земји, меѓу кои: Русија, Швајцарија, Казахстан, Црна Гора, Хрватска, Литванија, Летонија, Узбекистан, Словачка, Фарски острови, Белорусија и Македонија.
„Од срце би сакал да ви се заблагодарам затоа што лесно ги препознавме нашите визии, вие сте квалитетни луѓе, знам колку енергија вложувате за да бидете подобри фудбалери и на секој начин каде што ФФМ може да помогне, ќе ви ја подадеме раката и ќе ви ја отвориме вратата. Ви посакувам многу успех и убаво дружење на турнирот во Русија“ рече Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ на денешната прес-конференција во „Куќа на фудбалот“.
Турнирот е во организација на Специјална Олимпијада Русија и Фудбалската унија на Русија, кои оваа година со подршка на УЕФА за првпат по 10 години се отворени за учество на тимови од цела Европа, кои ќе натпреваруваат во комплексот Зенит.