Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне , верува дека неговите избраници ќе одиграат максимално мотивирано на денешниот меч со РБ Салцбург во Лигата на шампионите.
„Сакаме да одиграме на најдобар можен начин. Ќе мора да ги искористиме нивните слаби точки“ – рече Аргентинецот.
Тимот од Шпанија со евентуален триумф, сигурно ќе си обезбеди место во 1/8-финалето или ќе го скокне првиот елиминациски круг.

