Неколку стотици навивачи на ПСЖ оваа недела биле присутни во клупскиот тренинг центар во француската престолнина, а притоа го замолиле Килијан Мбапе да не го напушта Париз на крајот на неговиот договор.
Навивачите ја искористиле шансата да го поддржат и охрабрат својот тим пред нивниот дуел во Лигата на шампионите со Реал Сосиедад, како и да ја искажат својата поддршка кон Килијан Мбапе.
„Килијан во Париз!“ – скандирале неколку пати за да го охрабрат капитенот на францускиот тим да го обнови договорот со ПСЖ. Очигледно допрен од аплаузот, Мбапе им аплаудирал на навивачите, а потоа ја кренал раката и ја ставил на неговото срце.