Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Џампјеро Вентура, ќе ја предводи Салернитана во Серија Б. 71-годишниот тренер потпиша едногодишен договор со можност за обновување за една година.
Последното место на работа за Вентура беше Киево, од каде што беше отпуштен минатиот ноември. Под раководство на Вентура, „летечките магариња” одиграа четири натпревари во италијанската Серија „А“, во која освоија само еден бод на мечот со Болоња (2:2). Салернитана минатата сезона заврши на 15 место во Серија Б.
Претходно, Вентура ја предводеше селекцијата на Италија токму на натпреварите со Македонија, но беше отпуштен откако не успеа да се пласира на светското првенство – 2018. Работеше и во познати клубови како Сампдорија, Удинезе, Наполи и Торино .
