Пол Мерсон проценува дека Хари Кејн не треба да оди во Баерн. Претходно беше објавено дека Баварците сакаат да го ангажираат напаѓачот на Тотенхем.
„Единствениот играч кој ќе го однесе Челзи на ново ниво е Хари Кејн, само тој може да го направи тоа. Ќе го врати Челзи во борба за титулата“ – вели Мерсон.
„Минатата сезона постигна 30 првенствени голови за Тотенхем, замислете! Со кого игра во Спарс? Всушност, тој мора да направи сè сам. Нема шанси Кејн да замине во Баерн“ – напиша Мерсон во колумна за Скај Спортс.