Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, имаше некоректна реакција кон тренерот Сари кога беше заменет на меч во Серија „А“.
На тој момент реагираа неколку поранешни фудбалери на „старата дама“ а последен тоа го направи Никола Аморусо. Тој вели дека Португалецот е премногу стар за современиот фудбал и дека само се влече по терените во последните неколку месеци.
„Роналдо мора да разбере дека доаѓа време кога се почесто ќе биде заменет за да се одмори. Роналдо не може постојано да игра“ – вели Аморусо.

