Тим Шервуд во улогата на коментатор на „Скај Спортс“, жестоко го критикуваше тренерот на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, откако „црвените ѓаволи“ загубија дома од екипата на Брајтон во рамките на Премиер лигата.
„Не гледам дека направи барем еден фудбалер да биде подобар. Минатата сезона постигна солидни резултати, дојде во клубот во кој имаше мал хаос, мораше да се справи и со ситуацијата со Роналдо“ – вели Шервуд.
„Тен Хаг има многу талентирани фудбалери но, ниту еден од нив не напредува“ – нагласи Шервуд.