Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Пораз на Македонија против Италија, домашната селекција подобра со 5:2
    Фудбал

    Пораз на Македонија против Италија, домашната селекција подобра со 5:2

    risteBy riste17/11/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија загуби од Италија на гостувањето во Рим на „Олимпико“ со 5:2, а со тоа ја прекина серијата на добри резултати против оваа репрезентација. Одигравме многу лошо прво полувреме во кое губевме со 3:0 и сосема солидно второ полувреме во кое ја вративме неизвесноста се до пред самиот крај на натпреварот.

    Првите сериозни возбудувања беа пред голот на нашата репрезентација, во 13.минута Распадори доби топка во празно успеа да постигне гол, но главниот судија го поништи оправдано поради офсајд позиција.

    Ова како да беше најава на водството на Италија кое дојде во 17.минута по изведениот корнер, Матео Дармиан беше сам на втората статива и со глава го совлада Столе Димитриевски за водство на Италија од 1:0. Во продлжението од натпреварот Италија беше поактивна пред голот на нашата репрезентација, а Македонија се обидуваше преку контра да создаде шанса за гол. Во 40 минута поради играње со рака во нашиот шеснаесетник на Серафимов беше досуден пенал кој Жоржињо го изведе, но Димитриевски го одбрани неговиот удар. За жал само една минута подоцна по изведениот аут и мешаницата во нашиот казнен простор, одбиената топка дојде до Киеза кој со силен и прецизен удар го постигна голот за водство на Италија од 2:0. Во моментите кога се очекуваше крај на првиот дел уште еден шок за нашата репрезентација, Киеза успеа по левата страна да се избори за позиција покрај Манев и да упати удар, а топката доби една чудна парабола и заврши во голот на Димитриевски за 3:0 со кои се отиде на одмор.

    На стартот на вториот дел во 52.минута, радост на трибините кај нашите навивачи, Алиоски нафрли во шеснаесетникот на Италија, Јани Атанасов убаво се уфрли и со глава го совлада Донарума за намалување на резултатот на 3:1.Во 74.минута од натпреварот нова радост за нашата репрезентација, Барди го проигра Атанасов тој од голема далечина упати удар, топката го закачи Ачерби и го измами голманот Донарума за намалување на водството на Италија на 3:2.

    Во моментите кога се надевавме дека можеме до уште едно изненадување, Распадори во 81.минута успеа да го совлада Димитревски за водство на Италија од 4:2. Впечатокот во второто полувреме ни го расипа Стефан Ел Шарави со голот во 94.минута за водство и убедлива победа од 5:2 на Италија против Македонија.

    Нашата репрезентација во понеделник ја чека ппоследниот натпревар со Англија на арената „Тодор Проески“ каде ќе имаат поддршка од исполнетите трибини на нашиот најголем стадион.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.