Екипата на Јувентус синоќа на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон го одигра својот натпревар од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА, Челзи славеше со убедливи 4:0.
Овој пораз беше најголемиот за клубот од Торино во историјата на настапите во Лигата на шампионите. Ако го земеме во предвид периодот до 1992 година, кога турнирот се викаше Куп на европските шампиони, тогаш Јувентус нема загубено толку убедливо цели 63 години. Во октомври 1958 година, австриски Винер го победи италијанскиот клуб со 7:0 во реваншот од прелиминарното коло на Купот на шампионите, според официјалната веб-страница на УЕФА.
По пет одиграни натпревари, Челзи се наоѓа на првото место во поредокот од групата Х на Лигата на шампионите со 12 бода колку што има и Јувентус на 2. место. Двата клуба се пласираа во осминафиналето, а послениот натпревар од 6.коло ќе одлучи кој ќе биде прв, а кој втор во групата.