Челниците на Тотенхем успешно ги завршија преговорите за ангажман на фудбалерот на Спортинг (Лисабон), Педро Поро.
Дефанзивецот ќе потпише за „спарси“ до 2028 година за 45 милиони евра. Шпанецот денеска ќе пристигне во Лондон да ги помине задолжителните медицински прегледи по што трансферот ќе биде официјално објавен.
Десниот бек во тековнава сезона има одиграно 26 натпревари со ефект од 3 гола и 11 асистенции.