Порто и Челзи се соочуваат еден против друг во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Натпреварот нема да се игра на стадионот на Порто во Португалија, туку на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља. Тимот на Томас Тухел е фаворит, но Порто е искусен тим во Лигата на шампионите во претходната рунда му го зеде скалпот на Јувентус. Од друга страна, Челзи ќе мора брзо да застане на нозе откако пред неколку дена претрпе срамен пораз од 2:5 на „Стемфорд Бриџ“ од ВБА.
Во осминафиналето Челзи го елиминираше Атлетико Мадрид по победите со 1:0 и 2:0. Тимот игра многу солидно во одбраната и се потпира на брзината на своите напаѓачи. Стилот на Порто исто така не може да се опише како спектакуларен, но Португалците знаат да ја искористат секоја грешка на противникот.
Порто е во четвртфинале по четврти пат во последните 16 години, но не ја поминал оваа фаза на турнирот од сезоната 2003/04, кога го освоија ова натпреварување под водство на Жозе Мурињо. Тогаш Муруњо замина во Челзи и со себе зеде некои од ѕвездите на Порто. Драматичната елиминација на Јуве беше проследена со три последователни победи во локалниот шампионат, но тимот на Серхио Консеисао сериозно заостанува зад Спортинг (Лисабон) и веројатно нема да ја одбрани титулата.
Челзи и понатаму се наоѓа во топ 4 во Премиер лигата, но разликите со директните конкуренти се минимални и тимот не може да си дозволи погрешни чекори. Ова е најтешкиот дел од сезоната и тимот на Тухел ќе мора да покаже квалитет за да ги постигне своите цели. Во Лигата на шампионите, резултатите се повеќе од импресивни и лондончани победија на шест од последните седум натпревари.
Челзи последен пат се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2013/14. Англискиот гигант има предност во директните натпревари со Порто, победи на 5 од претходните 8 средби со оваа екипа. Последен пат двата тима беа ривали во групната фаза во 2015 година и натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ заврши со успех за домаќините со 2:0.
Вечерва Порто ќе биде без Серхио Оливеира, кој е со акумулирани жолти картони. Стрелецот на 19 голови оваа сезона сигурно ќе отсуствува од португалскиот тим, а неговото место се очекува да го заземе Марко Груиќ. Другиот казнет е Мехди Тареми. Тој беше исклучен во Торино, а Серхио Оливеира ќе го замени Луис Диас. Ветеранот Пепе повторно ќе командува со одбраната, а напред ќе започнат Муса Марега и Тони Мартинез.
Н’Голо Канте нема да игра за Челзи. Францускиот репрезентативец е повреден и ова значи дека Жоржињо и Матео Ковачиќ ќе бидат партнери на средината на теренот. Кристијан Пулишиќ беше заменет на паузата против Вест Бромвич и е под знак прашање неговиот настап. Антонио Рудигер го привлече гневот на Тухел во врска со кавгата меѓу него и резервниот голман Кепа Аризабалага. Оливие Жиру, потпомогнат од Хаким Зиеш и Мејсон Маунт, се очекува да бидат во нападот.
Судија на натпреварот вечерва ќе биде Хрватот Славко Винчиќ.
Веројатни состави:
Порто (4-4-2): Маркесин, Манафа, Пепе, Мбемба, Сануси, Корона, Груиќ, Урибе, Отавио, Марега и Мартинез.
Челзи (3-4-2-1): Менди, Аспиликуета, Зума, Кристенсен, Хадсон-Одој, Жоржињо, Ковачиќ, Чилвел, Зиеш, Маунт и Жиру.