Во португалскиот дел на Пиринеите екипата на Порто доцна веќер ќе се сретне со Арсенал во првата пресметка од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.
Англичаните се влезени во одлична серија од пет победи и фантастична реализација.Таквата форма очекуваат да ја пренесат и во елитата на Европа иако се свесни дека Порто ќе биде тежок орев. „Змаевите“ имаат богато искуство од меѓународната сцена и во ниту еден случај не смеат да се потценат. Двата тима последен пат се сретнаа во истата фаза во 2010 година. Тогаш Порто го доби првиот меч со 2:1, но во реваншот „топчиите“ го совладаа противникот со 5:0
Според најавите на медиумите и сајтот на УЕФА, за Порто денеска треба да истрачаат: Коста, Санчез, Пепе, Отавио, Марио, Акино, Гонзалес, Варела, Галено, Еванилсон и Тареми. Во првата постава на Арсенал веројатно ќе бидат: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Кивиор, Одегарт, Рајс, Хавертц, Сака, Тросард и Мартинели. Мечот на стадионот – „Драгао“ ќе го суди Сердар Ѓозјубјук од Холандија.

