Порто и Интер вечерва играат во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите на стадионот „Драгао“ од 21 часот. Интер има минимална предност од еден гол по победата со голот на Ромелу Лукаку на првиот натпревар во Милано.
Домаќинот Порто беше многу успешен против италијанските тимови на европските турнири под водство на Серхио Консеисао и сигурно ќе сака да ја продолжи таа традиција. Тие веќе ги исфрлија Рома и Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2018/19 и 2020/21, а минатата сезона забележаа победа и нерешено против Милан во групната фаза пред да го елиминираат Лацио во Лигата на Европа. Интер ќе се надева дека ќе се квалификува за своето прво четвртфинале на турнирот од сезоната 2010/11.
Порто го доби последниот натпревар од португалското првенство на домашен терен тешко со 3:2 против Есторил. Тимот е на втората позиција со 8 бода помалку од лидерот Бенфика. Серхио Консеисао нема да може да смета на суспендираниот од првиот натпревар со Интер, Отавио, а повредени и под знак прашалник се Жоао Марио, Вендерсон Галено и Еванилсон. Се очекува денеска да стартуваат за Порто Мехди Тареми и Тони Мартинез, освен ако тренерот не реши да смета само на класичен напаѓач.
Интер продолжува со променливите игри во Серија А каде загуби на гостувањето кај Специја со 1:2, забележувајќи уште еден неубедлив настап на гостински терен. Иако е на втората позиција, тимот е на цели 18 бода од лидерот Наполи, а многу пореална цел за тимот е да го задржи местото во топ 4 отколку да размислува за титула. Се зборуваше за тензија во тимот и неизвесност околу иднината на тренерот Симоне Инзаги, бидејќи неуспехот денеска во Лигата на шампионите може да биде штетен за останувањето на тренерот.
Интер има кадровски проблеми, Робин Госенс и Далберт се повредени, а Милан Шкрињар и Хоакин Кореа и двајцата се под знак прашалник за натпреварот. Логично, тренерот ќе типува на вообичаената формација 3-5-2, бидејќи се очекува нападот на „нероаѕурите“ да го предводат Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.
Можни состави:
Порто: Диого Коста, Пепе, Пепе, Маркано, Заиду, Грујиќ, Урибе, Устакио, Галено, Тереми и Тони Мартинез
Интер: Онана, Шкрињар, Ачерби, Бастони, Дармиан, Барела, Чалханоглу, Мхитаријан, Димарко, Маринез и Лукаку
Судија: Марчињак (Полска)