Вечерва Челзи и Порто ќе го одиграат четвртфиналниот реванш од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе биде повторно одигран на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља, каде се одигра и првиот натпревар помеѓу двата тима.
Причината за ова се мерките против КОВИД-19. Во првиот дуел, Англичаните, кои официјално беа гости, победија со 2:0 и имаат солидна предност за пласман во следното коло од ЛШ. Сепак, тие не треба да мислат дека веќе ја завршиле својата работа, бидејќи Порто има доволно потенцијал да им ги замрси сметките.
Порто ќе се обиде да напрваи ново изненадување откако во 1/8 финалето го елиминираше италијанскиот гигант Јувентус. Сепак, поразот од два гола го става тимот на Порто во прилично неповолна ситуација. Тие ќе мораат да бараат успех со три гола разлика ако сакаат да одат понатаму. Историјата покажува дека Порто не ја поминал оваа фаза на Лигата на шампионите од 2003/04 година, кога го освоија трофејот. Покрај тоа, Порто има сериозни проблеми на своите средби со англиски екипи, бидејќи во последните 7 пресметки со претставниците на Премиер лигата има 2 нерешени и 5 порази.
Во исто време, Челзи е во подем, особено во својот настап во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Томас Тухел немаат пораз на 9 последователни натпревари од ова натпреварување. Покрај тоа, силата на Челзи е одбраната, бидејќи тимот не примил гол на последните три натпревари во Лигата на шампионите. Добрата вест е дека во тимот нема повредени или казнети играчи, па лондончани ги имаат сите предуслови за прв пат од 2013/14 година да се пласираат во полуфиналето.
Со оглед на згуснатиот распоред и фактот дека Челзи ќе се соочи со важен дуел со Манчестер Сити во ФА купот, Тухел најверојатно ќе направи некои ротации во својот тим. Тиаго Силва, кој беше казнет за мечот со Кристал Палас, ќе се врати најверојатно во почетниот состав. Хаким Зиеш, Тимо Вернер и Оливие Жиру скоро сигурно ќе започнат како стартери. Н‘голо Канте се опорави од повредата на бутот и исто така има шанса да биде меѓу стартерите.
Во исто време, добрата вест за Порто е дека Серхио Оливеира и Мехди Тареми ја издржаа казната и ќе можат да играат вечерва. Сепак, надвор од комбинација остануваат Диого Коста, Иван Маркано и Мохамед Мбаје, кои не се подготвени за овој натпревар.
Веројатни состави:
Челзи: Менди, Аспиликуета, Силва, Кристенсен, Џејмс, Ковачиќ, Канте, Алонсо, Зиеш, Вернер и Жиру.
Порто: Маркезин, Манафа, Мбемба, Пепе, Сануси, Корона, Урибе, Оливеира, Отавио, Марега, Тареми
Стадион: „Рамон Санчез Писхуан“ – Севиља
Судија: Клемент Турпен (Франција)

