Репрезентативецот на Португалија, Рубен Невес, на денешната средба со новинарите во Катар, вели дека неговиот соиграч, Кристијано Роналдо, е во импресивна форма.
Невес, кој игра за англискиот Вулверхемптон, потполно ги отфрли шпекулациите дека 37-годишниот Роналдо не е во оптимална форма поради неговите проблеми во Манчестер Јунајтед.
„Никој во тимот не е загрижен за неговата состојба. Ако бидеме доволно добри како тим, Кристијано ќе биде феноменален“ – изјави Невес.