Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, е суспендиран на четири натпревари и казнет парично со 42.000 евра поради критиките кон судиите по натпреварот против Галатасарај, соопшти Фудбалскиот сојуз на Турција.
Португалецот доби суспензија на два меча поради „погрдни и навредливи изјави упатени кон турските судии“, како и обвинувања дека фудбалот во таа земја е во хаос. Специјалниот е суспендиран на уште две средби поради „чин против спортскиот дух“.
Фенербахче потврди дека ќе поднесе жалба на санкциите што беа изречени на нивниот тренер.

