Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, кој имаше забележитени резултати со Порто, Интер, Челзи и Реал Мадрид, верува дека може да испише историја и со „римската волчица“ иако многумина велат дека неговото време помина.
„Сакаме проектот на Рома да успее. Сега сум многу подобар тренер отколку претходно. Сериозен сум. Чувствувам дека се развив, бидејќи искуството е од големо значење во нашата професија“ – потенцира така наречениот – „специјален“.
Екипата од Рим под неговата диригентска палка си обезбеди место во групна фаза во Конференциската лига додека во Серија „А“ започна со две сигурни победи против Фиорентина и Салернитана.