Некогашниот фудбалер на Порто, Челзи, Реал Мадрид и Монако, Рикардо Карвалјо, се обиде да објасни зошто Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе се вбројуваат меѓу најдобрите играчи на светов.
„ Кристијано е перфекционист. Тој е најголемиот симбол на Португалија и секогаш е мотивиран да победи“ – истакна Карвалјо кој проговори и за Килијан Мбапе кој му беше соиграч во Монако.
„Беше неверојатно да се види како се појавува талент како него. Секогаш сакаше да направи повеќе и чувствуваше дека може“ – вели Карвалјо.