Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, изјави дека поразот од Верона во текот на изминатиот викенд треба да го мотивира тимот да игра далеку подобрo на наредните мечеви.
Рома одлично ја започна сезоната со шест последователни победи под водство на Мурињо, но, во неделата изненадувачки загуби од Верона комплетен пресврт.
„Одигравме слабо и загубивме од Верона, што е тажно. Но, поразот не смее да донесе немир во тимот. Не треба да жалиме и да сме депресивни. Треба да го претвориме во мотивација за претстојните натпревари“ – вели Мурињо.