Жозе Мурињо, кој нема тренерски ангажман, вчера на телевизијата – „Скај Спорт“ беше во улога на стручен коментатор на дерби мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи одигран на стадионот – „Олд Трафорд“.
Специјалниот по натпреварот посебно го издвои најскапото летно засилување кај домаќинот, Хари Мегваер, кој беше прогласен и за играч на мечот.
„Апослутно ја заслужи наградата бидејќи беше цврст како карпа. Еден тим може да биде опасен во нападот, но, ако играчите не чуствуваат сигурност кај соиграчите од одбраната, тогаш тоа го намалува нивото на самодоверба кај сите“ – потенцираше Мурињо.