Луис Фиго, еден од легендарните фудбалери на Реал Мадрид, се осврна на заминувањето на Кристијано Роналдо во екипата на Јувентус. Португалецот е убеден дека “кралевите“ нема да имаат проблеми во играта откако неговиот сонародник се определи да го напушти тимот и да заигра за „старата дама“ од Торино.
„Кристијано е одличен играч, но, неговото заминување нема да влијае лошо на Реал. Животот оди понатаму а тие што сега играат може да испишат нова историја“ рече Фиго.
Легендата од „Сантијаго Бернабе“ настапуваше за шпанскиот тим од 2000 до 2005 година откако направи изнеандувачки трансфер од големиот ривал – Барселона.