Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, ги нарече неговите фанови низ светот – „муринисти“. Според Португалецот, тие луѓе го сакаат а тој го знае тоа и затоа од нив црпи инспирација.
„Јас црпам сила од себе, но, пред се и од луѓето што ги сакам и кои ги познавам, тие ме сакаат, иако не познавам многумина и никогаш не сум ги сретнал. Јас ги нарекував „муринисти“ затоа што во Португалија се користи додатокот на името на клубот за да ги означи неговите навивачи“ – вели Мурињо.
„ Ако сте од Порто, навивачите се портисти, ако сте за Мурињо, вие сте муринисти. Има толку многу муринисти низ целиот свет” – објасни како размислува „специјалниот“.

