Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најверојатно ќе се обиде да го обезбеди потписот на Томас Лемар, кој во тековнава сезона ја нема посакуваната минутажа во редовите на Атлетико Мадрид.
Интернационалецот од Франција откако не успеа да се наметне кај тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, најави дека планира да ја промени средината. Токму тој момент сака да го искористи менаџерот на „Спарси“ за да го купи крилниот напаѓач.
Се проценува дека трансферната вредност на Лемар е околу 30 милиони евра што не би требало да претставува проблем за челниците на Тотенхем кои најверојатно ќе се определат да го продадат Данецот, Кристијан Ериксен..