Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, в пресрет на саботниот дуел со Вест Хем, ја посвети речиси целата денешна прес-конференција да одговори на прашањата за односот со Пол Погба и нивниот последен конфликт на тренингот кој беше уловен од телевизиските камери.
„Тој е фудбалер, како и сите други. Никој не е поголем од клубот. Имаше критики и упатства со повисок тон, но, тоа се случува секој ден. Тоа можете да го видите бидејќи е дозволено да снимате 15 минути од секој трениг“ – вели Мурињо.
„Тоа нема да се промени, немаше никаква конфронтација. Нашиот однос е како на менаџер со фудбалер” – рече Мурињо.