Кристијано Роналдо го постигна единствениот гол на вчерашниот меч со Милан во Супер-купот на Италија по што се израдува на првиот трофеј откако го облече дресот на „старата дама“. Португалецот по средбата одиграна во Саудиска Арабија не го криеше задоволството.
„Беше многу топло и имавме тешки услови за фудбал. Среќен сум што што го постигнав победничкиот гол, мојата намера беше да ја започнам 2019 со трофеј, ја имам првата титула со Јуве и јас сум многу среќен“ – вели Роналдо.
„Го имаме овој Куп, сега мораме да работиме напорно за да дојдеме до наредниот трофеј. Голот му го посветувам на тимот, моето семејство, пријателите и сите кои го сакаат Јуве“ – истакна Поругалецот.