Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ја доби поддршката на одборот на директори на клубот и засега нема опасност да биде отпуштен, тврди денеска– „БиБиСи“.
Поразот од Брајтон, повторно ја покрена темата за иднината на Португалецот за кого се тврди дека е во затегнати однос со дел од раководството. Букмејкерите на Островот повторно го поставија името на Мурињо на првото место меѓу фаворитите за добивање отказ.
Во изминатите неколку недели и англиските и шпанските медиуми ја објавија верзијата дека Зинедин Зидан може да биде наследник на Мурињо. Сепак, извор од „Олд Трафорд“ категорично негирал пред „БиБиСи“ дека одборот на директори дискутирал за евентуална тренерска рокада.