Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата откри дека планира да се повлече од репрезентацијата на Португалија во 2022 година веднаш по Мундијалот во Катар.
Голгетерот кој тогаш ќе има 37 години не планира да продолжи да игра во репрезентативниот дрес на Европското првенство во Германија закажано две години подоцна.
Бидејќи Роналдо има договор со Јуве до крајот на јуни 2022 година, најверојатно по тој термин ќе се пресели во шампионатот на Соединетите Американски Држави.
