Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, може да ја шокира фудбалската јавност и да ја привлече легендата на Челзи, Џон Тери, објавија денеска сензационално неколку различни медиуми.
Португалскиот тренер во текот на летово сакаше да обезбеди играч кој ќе го засили средниот ред, но, раководството на „црвените ѓаволи“ не му излезе в пресрет и не му дозволи да купи нов играч. Што се однесува до 37-годишниот ветеран, тој е слободен играч откако по крајот на претходната сезона го напушти составот на Астон Вила.
Мурињо и Тери се блиски пријатели а дефанзивецот беше и капитен на „сините” од Лондон во периодот кога токму Мурињо ја имаше диригентската палка. Според наведеното во медиумите, „Специјалниот“ верува дека Тери може да му помогне на тимот и да внесе стабилност во дефанзивната линија.