Големата ѕвезда на Јувентус, Кистијано Роналдо, планира да остане уште долго на фудбалските терени иако во февруари ќе наполни 36 години.
„ Возраста не е значајна. Се чувствувам одлично и максимално сум посветен на тоа што го работам. Сакам да го освојам Мундијалот во Катар во 2022 година“ – вели Португалецот кој се осврна и на ситуацијата со навивачите.
„Да играш на стадион без навивачи е како да доаѓаш во циркус и да не гледаш кловн. Сите сме луди со пандемијата и искрено се надевам дека навивачите брзо ќе се вратат” – рече Роналдо

