Фудбалерот на Баерн Минхен, Ренато Санчез, не сака повторно да биде испратен на позајмица и затоа најави дека планира да си замине.
„Не сакам повторно на позајмица. Ако заминувам, тоа нека биде дефинитивно. Со трансфер. Нема логика повторно да се обидувам да се наметнам“ – вели 21-годишниот фудбалер.
„ Многу млади играчи, како Кимих, Гнарби или Коман играат а јас седам на клупата“ – потенцираше репрезентативецот од Португалија кој во претходната сезона се појави на 24 натпревари. На шест од нив беше меѓу стартерите.