Фудбалерот, Бруно Фернандеш, кој заработи исклучување на мечот со Тотенхем, вели дека судијата донел престрога одлука бидејќи во контактот со противничкиот играч, Медисон, немало намера за прекршок.
„Судијата ми објасни дека има удар во ногата на противникот и дека мора да ме исклучи. Мислам дека можеше да ми покаже само жолт картон“ – вели играчот на Манчестер Јунајтед.
„Не ми е јасно зошто ВАР не го повика судијата да ја прегледа ситуацијата“ – беа зборовите на Португалецот.

