Англиските медиуми наведуваат дека Бруно Фернандеш нема добри релации со тренерот Оле Гунар Солскјер и дека е подготвен да го напушти фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед.
Португалецот кој во почетокот на годинава беше купен за 80 милиони евра од екипата на Спортинг Лисабон беше еден од најдобрите во финишот на претходната сезона, но, очигледно тој ритам не успеа да го задржи и во тековнава.
Наводно, Фернандеш имал голема расправија со Солскјер на полувремето на мечот против Тотенхем кога „црвените ѓаволи“ загубија на домашен терен катастрофално со 6:1.