Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, сака да ангажира двајца фудбалери на ПСЖ кои не ја добиваат посакуваната минутажа во францускиот состав.
Првиот е напаѓачот, Коло Муани, кој не крие дека сака да замине во Премиер лигата бидејќи не влегува во плановите на тренерот, Луис Енрике. Второто име е Нуно Мендеш.
Француските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“, ги исконтактирале колегите од „Паркот на принцовите“ за евентуалните трансфери.

