Кристијано Роналдо кој имаше непрофесионален потег на мечот со Тотенхем, нема да игра на дербито со Челзи откако тренерот, Тен Хаг, го изостави од списокот.
Тој пред време го напушти тревникот на „Олд Трафорд“ и предизвика бурни реакции кај фановите. По целата ситуација Роналдо се огласи на социјалните мрежи.
.„Како што тоа го правев во текот на цела моја кариера, живеам и играм со почит кон колегите, противниците и тренерите. Тоа не се промени. Јас сум истата личност и професионалец како и во претходните дваесет години. Наскоро повторно ќе бидеме заедно“ – напиша Роналдо.