Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, на денешната средба со новинарите направи нов раздор во соблекувалната откако изјави дека во екипата има фудбалери кои се вложуваат многу повеќе за разлика од неколкумина на кои не им е грижа за тимот.
„Иако сум повеќе од 20-години во фудбалот, сеуште им верувам на играчите иако постојат и такви што не се искрени со мене. Изгледа дека дел од фубалерите се грижат многу повеќе за клубот за разлика од другите“ – вели Мурињо.
„По поразот од Вест Хем, Лук Шо, рече дека играчите треба да даваат повеќе и јас се согласувам со тоа, но, не целосно. Секој во клубот има улога вклучувајќи го и нутриционистот и домаќинот, сите знаат што треба да се направи зада имаме успех“ – потенцираше Мурињо кој според многумина, полека но, сигурно чекори кон излезната врата од „Олд Трафорд“.