Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, остана задоволен по минималната победа против Торино во Серија „А“. Тој не крие дека тактиката била да се одигра поповлечено и да се чека шанса за погодок.
„Очекував да дадеме повеќе голови иако ми се допаѓа да победувам на ваков начин“ – вели Португалецот по триумфот со 1-0.
„Моравме да правиме ротации на теренот. Значајно беше да се одбраниме и да го контролираме мечот“ – нагласи Мурињо. Неговиот тим сега го има 5-то место на табелата.