Манчестер Јунајтед утре ќе го одигра финалето во ФА Купот против градскиот ривал Сити кој ја одбрани титулата во Премиер-лигата а набрзо го чека и финалето во Лигата на шампионите.
Играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш, вели дека натпреварот е многу значаен за неговиот тим и треба да биде патоказ како да се дојде до успех.
„Мислам дека ако го освоиме ФА Купот ќе ни даде дополнителна верба дека можеме да имаме и поголеми цели. Сакам да освојувам трофеи“ – вели Португалецот.

