Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, беше критички настроен кон неговите фудбалери кои вчера го совладаа Емполи со 7-0 и ја остварија првата сезонска победа.
„Добар настап иако 7:0 нема значење. Имаше подеми и падови во физичката форма. Сите не беа подготвени да одиграат 90 минути со висок интензитет. Многу нешта не ми се допаднаа“ – вели Мурињо.
„Волчицата“ сега има 4 бодови со што се искачи на 12. место во Серија „А“.