Ѕвездата на Италијанскиот шампион Јувентус Кристијано Роналдо нема да игра за Португалија до крајот на годинава, објавија медиумите во Португалија.
Според истата информација, капитенот на националниот тим на Португалија побарал од тренерот Фернандо Сантош да не испраќа повиците за претстојните натпревари во Лигата на нациите во октомври и ноември.
Роналдо изразил желба подобро и побрзо да се прилагоди на својот нов клуб Јувентус.