Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот на португалската репрезентација против Швајцарија во Лигата на нации. Капитенот Роналдо, Жоао Мутињо и Рафаел Гереиро не отпатувале со тимот на натпреварот во Женева.
Португалскиот селектор Фернандо Сантош му даде пауза на напаѓачот на Манчестер Јунајтед. Запрашан за отсуствата, селекторот рече:
„Тие немаат физички проблеми, тоа е само нормална ротација. Немаше смисла да се патува со 26 играчи во Швајцарија, бидејќи само 23 можат да бидат во тимот“, додаде Сантош.
И без Роналдо, играчот од средниот ред Рубен Невеш не се сомнева дека Португалија има доволно квалитет за победа.
„Очигледно Кристијано е најдобриот играч на светот и секогаш е задоволство да се игра со него“, рече Невеш.